0АРТИКЛИ

You have no items in your shopping cart.

Product was successfully added to your shopping cart.

Izjava o privatnosti

Интерактивните услуги обезбедени од страна на СТУДИО ВЕРДЕ Дооел ШТИП (подолу во текстот: rabaho.com) по пат на веб сајтот  www.rabaho.com кој е во нејзина сопственост се состои од управување со содржини, вршење на финасиски трансакции, организација и посредување во продажба и давање на услуги преку Интернет.

Со користење на веб сајтот  www.rabaho.com се смета дека сте целосно запознати и дека се согласувате со условите за користење/ Условите за продажба/ Изјава за доверливост на податоци. Доколку не се согласувате  и не ги прифаќате, Ве молиме да не ја користете оваа интернет страница.

Условите за користење се однесуваат на употребата на веб сајтот www.rabaho.com од страна на корисниците. Секое понатамошно користење на веб страната по запознавање со условите за користење, се смета дека корисниците се согласуваат со поставените услови и правила и прифаќаат користење на интернет страната согласно со тие услови

Корисникот е  одговорен за заштита на доверливоста на лозинките кои се појавуваат и креираат при користење на услугите кои ги обезбедува rabaho.com. Исто така, корисникот е запознаен и се согласува со фактот дека при користењето на интернет мрежата понекогаш може да дојде до технички проблеми при функционирање на истата, а со тоа и до прекин на услугите. Таквите и слични случувања се надвор од можноста за контрола од страна на rabaho.com, па од таа причина rabaho.com не може да биде одговорен за било какво губење на податоци или други случувања до кој може да се дојде за време на давање услуги од страна на rabaho.com.

Корисникот се согласува дека пристапот на веб сајтот www.rabaho.com понекогаш може да биде во прекин, повремено недостапен или исклучен, причина како од рутинско одржување на сајтот така и од други причини за кои не е одговорен rabaho.com. Корисникот или крајниот корисник е секоја личност која на било кој начин посредно или непосредно ги користи или ги користела услугите на rabaho.com.

rabaho.com го задржува правото во било кој момент да измени или да прекине било кој сегмент во работењето, вклучувајќи и без ограничувања, време на достапност, содржина, како и опрема за пристап или користење на интернет страната. Исто така rabaho.com. може да престане да праќа информации или дел од информации, може да смени или да прекине било каков начин на пренос на податоци, да ја смени брзината на пренос на податоци, како и било кои други карактеристики.

rabaho.com го задржува правото во било кој момент и без претходна најава, доколку смета дека е тоа потребно, да прекине или измени било кој од наведените Услови за користење на интернет страницата и/или Изјавата за доверливост на податоци.

Гореспоменатите измени можат помеѓу останатото да вклучат и воведување на одредени надоместоци или давачки, затоа ги советуваме корисниците периодично повторно детално да ги прочитаат информациите содржани во Условите за користење и Изјавата за доверливост на податоци, со цел да бидат информирани доколку има било какви промени.

Во случај да дојде до промена во Условите за користење и/или Изјавите за доверливост на податоци, а корисникот продолжува да ја користи нашата интернет страница, се смета дека ги прифаќа Условите за користење и Изјавата за доверливост на податоци во изменета форма. Секоја евентуална измена или бришење на условите важечка е за трети лица веднаш кога ќе се објави на интернет страната www.rabaho.com . Секое користење, освен запознавањето со измените во условите, на горенаведената интернет страна од страна на крајниот корисник, се смета како прифаќање на тие промени.

Обврска и должност на корисникот е да го користи веб сајтот www.rabaho.com, исклучиво во согласност со прописите во Република Македонија, како и со општите моралните и етички принципи.


Корисникот е исклучиво одговорен за набавка и одржување на својата компјутерска опрема, вклучувајќи го целиот хардвер и софтвер кој го поседува и користи, како и друга потребна опрема за пристап и користење на интернет страната www.rabaho.com, на тој начин сам си ги сноси поврзаните трошоци. rabaho.com, искучува секаква одговорност за било какво оштетување на опремата и други работи на крајниот корисник кои евентуално може да настанат како последица од користење на веб сајтот www.rabaho.com.

Со користењето на веб сајтот www.rabaho.com,  од страна на корисникот, се смета дека корисникот е согласен дека секоја комуникација и интеракција која се врши по пат на интернет страната www.rabaho.com, мора да биде според условите за користење. Корисниците не смеат по пат на оваа интернет страница да објавуваат, пренесуваат или да направат достапни на било кој начин материјали со чија содржина на било кој начин се кршат правата на другите, на пример, содржина која е навредлива, клевета, нарушување или загрозување на приватност итн. Како ни материјали со назаконски содржини и форми. rabaho.com  го задржува правото на дискреција да процени дали има повреда на условите од страна на корисникот.


Корисникот не смее без претходно писмено одобрување од rabaho.com, да објавува, пренесува или да направи достапни на било кој начин содржини кои содржат огласи, реклама или понуда на било кој производи и услуги, како ни верски, политички и некомерцијални реклами, а посебно не смее да ангажира корисници на интернет страната www.rabaho.com да станат корисници на други услуги која е директна или идиректна конкуренција на rabaho.com..

rabaho.com го задржува правото на дискреција самостојно да процени дали има нарушување на условите д страна на корисниците.  


Сите материјали кои се наоѓаат на интернет сајтот www.rabaho.com се во сопственост на rabaho.com и како такви се заштитени со закон или се користат во согласност со одобрението на носителот на авторските права и носителите на права на трговски марки и/или дизајн, како и според други потребни одобрувања. rabaho.com  е исто така носител на авторските права на целата идеолошка содржина на интернет сајтот www.rabaho.com, која што е неопходна за правилно функционирање на проектот.

Забранета е било каква дистрибуција, копирање, поврзување, објавување или на било кој начин менување на оваа интернет страница без претходно писмено одобрување од rabaho.com. Секое непочитување на споменатата забрана може да доведе до кршење на авторските права, правата на трговски марки или било какви други права и поради тоа може да се појават несакани ефекти како што се покренување на судски постапки, а може да дојде и до кривично гонење.

Корисникот не смее да менува, објавува, пренесува или продава, да создава изведени дела или на било кој друг начин да ја искористува содржината од веб сајтот www.rabaho.com во целост или делумично. Исто така не е дозволено копирање, редистрибуција, повторен пренос, издавање или комерцијално искористување на превземениот материјал.


Корисникот може од веб сајтот www.rabaho.com да превзема, испишува или спрема материјали заштитени со авторски права само за лична употреба.

Корисникот се обврзува дека на интернет сајтот www.rabaho.com  нема да поставува и објавува, или на било кој друг начин да направи достапен материјал кој има авторски права, трговска марка или други права, без одобрување на носителот на тие права, а со тоа е одговорен за евентуална штета настаната со кршење на овие услови.Исто така треба да се знае дека до некои материјали кои се заштитени со некое право, корисникот треба сам да дојде, поради тоа rabaho.com нема обврска тие информации да ги изнесе или објави.

 Со ставање на материјал од страна на корисникот на било која содржина на било кој дел од интернет сајтот www.rabaho.com, корисникот гарантира дека носителот на правата на тие материјали му дал на rabaho.com правосилно, бесплатно и неограничено право / лиценца на користење, репродукција, модифицирање, прилагодување, објавување, преведување и дистрибуција на таквиот материјал. Другите корисници имаат право на пристап, преглед, спремање или репродукција на тој материјал само за лична употреба.


Корисникот се согласува дека го користи интернет сајтот www.rabaho.com исклучиво на сопствена одговорност. rabaho.com, како ни една трета личност поврзана со неа, не гарантира дека употребата на оваа интернет страна нема да биде прекината или нема да има тешкотии во работењето. Исто така rabaho.com не е одговорна за последиците кои може да настанат со употреба на оваа интернет страна, како ни за точноста, доверливоста или содржината на било која инфоормација, услуга или стока дадени на оваа интернет страница.

Оваа изјава за одговорност се однесува на еветуална штета или евентуални повреди предизвикани со било каква грешка, бришење, прекин, комјутерски вирус, дефект, каснење во работата или преносот, прекин во комуникациската линија, кражба, прекин на договор, уништување или неовластен пристап, промена или злоупотреба на записи, непримерно однесување, неодговорност, или било кој друг акт. Корисникот се согласува дека rabaho.com не е одговорен за непримерно или противзаконско однесување на други корисници или трета страна и дека ризикот од евентуални штети е во потполност на корисникот.


rabaho.com во никој случај не е одговорна за било каква штета која може да настане како последица од користење или неможноста за користење на веб сајтот www.rabaho.com  делумично или во целост.

rabaho.com не е одговорна за содржината која корисникот, претплатникот или неовластениот корисник може да ја постави на веб сајтот www.rabaho.com. Било каква содржина која не е во согласност со условите за користење во секој момент може да биде отстранета или променета без посебна најава или образложение.


rabaho.com може во секој момент да има контрола на содржините на веб сајтот www.rabaho.com, посебно на интерактивниот дел, со цел да обезбеди почитување  како на условите на користење, така и почитување на позитивните прописи на Република Македонија. Како резултат на тоа rabaho.com го задржува правото за отстранување на било каков материјал за кој според својата дискретна процена смета дека не е во согласност со поставените услови, како и да ја укине лозинката или корисничката сметка.


Корисникот се согласува дека сите интерактивни опции особено комуникацијата преку приватни пораки, чет, форум, други начини за праќање на порака или меѓусебна комуникација од јавен карактер која нема статус на доверлива информација, rabaho.com може да ја следи без нивно знаење и посебно одобрување. Бидејќи rabaho.com обавезно не ги контролира или авторизира пораките или информациите кои може да се најдат на веб сајтот www.rabaho.com, rabaho.com не е одговорен за дејствијата кои ги превзема корисникот во било кој дел од веб сајтот www.rabaho.com, како и за содржината која корисникот може да ја постави.


Со објавување на коментари, пораки или други информации на веб сајтот www.rabaho.com, се смета дека корисникот и дава право на rabaho.com користење на тие коментари, пораки или информации за промоции, истражување на пазарот или било каква друга законски дозволена цел.

Корисникот изјавува дека нема да ги смета за одговорни rabaho.com, нејзините подружници, одговорни личности во компанијата, вработени и агенти за еветуални штети и трошоци, вклучувајќи и судски трошоци кои можат да настанат со користење на веб сајтот www.rabaho.com од страна на корисниците. rabaho.com може во секое време да го раскине работниот однос со било кој свој корисник, да му ги укине лозинките и корисничката сметка. Во тој случај не важат условите кои се однесуваат на одговорност и обврски на корисници. rabaho.com не гарантира за точноста, комплетноста или корисноста на било која содржина од веб сајтот www.rabaho.com а која е поставена од страна на корисник, трети личности или неовластении корисници.


rabaho.com не е одговорна за било каква евентуална штета или загуба настанати како причина од потпирањето на корисникот на информации добиени на интернет сајтот  www.rabaho.com.

 
rabaho.com се категорично оградува во секоја смисла од содржината на метеријалот на интернет страните на трети страни, а на кои може да се пристапи преку веб сајтот www.rabaho.com. Во тој случај ако корисникот пристапи на интернет страната на трета страна, тоа го прави исклучиво и само на сопствена одговорност, што подразбира секакво искучување од одговорност на rabaho.com.


Со регистрација / отварање на корисничка сметка на интернет страната  www.rabaho.com се смета дека корисникот ги има целосно прочитано овие Услови на користење.

СТУДИО ВЕРДЕ Дооел ШТИП,

ул. Вера Цири Вири 6/6,

2000 Штип, Македонија

ЕМБС: 6833896

ДБ: 4029012512395

  • Земја:
  • Универзално