Вкупно:
Вкупно:
Со овие услови на користење се уредуваат правните односи помеѓу друштвото СТУДИО ВЕРДЕ Дооел ШТИП и корисникот на услугата на www.rabaho.com. Условите важат од датумот на стапување на сила па се до денот на промена на условите или нивно дополнување.
Услови на користење и изјава за согласност
Корисничката употреба на интернет страницата www.rabaho.com е одредена со правилата и условите на користење. Со користење на интернет страницата www.rabaho.com, корисниците потврдуваат дека ги прифаќаат наведените правила и услови и дека се сложуваат со правилата и условите на користење на наведената интернет страница.
Друштвото СТУДИО ВЕРДЕ Дооел ШТИП е сопственик на интернет страницата www.rabaho.com и е задолжено за спроведување на финансиските трансакции, организација и посредување при продажба, управување со содржината и пружење информациони услуги по пат на интернет.
Со секое понатамошно користење на овие интернет страници ја потврдувате вашата запознаетост и согласност со правилата и условите за користење. Со секое понатамошно користење на овие интернет страници ја потврдувате вашата запознаетост и согласност со изнесените правилата и условите за користење.
Секој корисник има лично право на користење на страницата www.rabaho.com. Корисник е секое лице кое непосредно или посредно во било кој момент ги користи услугите на порталот rabaho.com.
Изјава за одговорност
Корисникот дава согласност за користење на www.rabaho.com исклучително на сопствена одговорност. Порталот rabaho.com на никој начин не дава гаранција за употреба на оваа страница без прекин или без грешки. Истотака, не гарантира за последиците од употреба или точност, или содржина на било која информација, услуга или производ добиени по пат на оваа интернет страница. Корисникот разбира, прифаќа и потврдува дека rabaho.com не одговара за противзаконско или непристојно однесување на други корисници или трети лица. Ризикот од можни штети кои настануваат од наведеното во потполност гои сноси корисникот на порталот.
Изјавата се однесува на сите можни штети предизвикани од евентуална грешка, бришење, прекин од компјутерски вирус, расипување, доцнење во работењето и преносот, прекин во комуникациската линија, кражба, раскинување на договорот, уништување или неовластен пристап, промени или злоупотреби на записи, непристојно, небрежно, ненамерно или било какво друго дејство.
Rabaho.com, како и секое друго физичко или правно лице кое учествува во создавање, производство и дистрибуција на оваа страница, не одговара за никаква штета настаната како последица од користењето или неможноста за користење на оваа интернет страница. Корисникот разбира и дава согласност наведените услови да ја опфаќаат целокупната содржина на интернет страницата www.rabaho.com.
Кориснички налог и лозинка
По отварањето на корисничкиот налог на www.rabaho.com се смета дека корисникот ги прочитал, разбрал и прифатил условите на користење на овој портал.
Секој корисник прифаќа лична одговорност за заштита на доверливоста на своето корисничко име и лозинка. Корисникот е согласен дека настани може да доведат до прекин на услугата на користење, кои се надвор од контрола на порталот rabaho.com. Поради тоа порталот не одговара за евентуално губење на податоци што може да се случи при пружење на услуги.
Корисникот разбира и се согласува дека пристапот до www.rabaho.com може да биде исклучен или привремено недостапен поради причини кои се надвор од одговорност на rabaho.com.
Ослободување од одговорност
Порталот rabaho.com не одговара за било каква содржина која корисник, претплатник или неовластен корисник ќе ја постави на страницата www.rabaho.com.
Објавувањето на било каков непристоен материјал во кој се нарушуваат личните човечки права, морални, верски или етнички начела е строго забрането. Порталот rabaho.com ќе ја пријави секоја слична злоупотреба на наведеното до надлежните администратори.
Rabaho.com го задржува правото во секој момент да го промени, прилагоди, измени или избрише секаков материјал кој ќе е оценет како непристоен.
Rabaho.com, како и неговите соработници, давачи на податоци и уредници не одговараат за било какви грешки и неточни информации, како ни други недостатоци, не прикладност и извор на податоци на овие страници. Истотака, не одговараат за било како прекин или каснење во пренос на податоци до корисникот. Ниедна од наведените страни не сноси одговорност за можни побарувања или загуба која може да произлезе од тоа.
Rabaho.com го задржува потполното право на промена или укинување на пренос на било кој вид или дел од податоците. Порталот исто го задржува правото на потполно запирање или промена на брзината на пренос или слични дејства. Порталот rabaho.com може да ги користи наведените права во сите сегменти на работењето, без органичувања.
Rabaho.com не е одговорен за поставување на материјали кои ги кршат општите услови на работење од страна на трети лица, но ќе се погрижи истите да бидат отстранети.
За сите мислења, совети, изјави, услуги, понуди или други информациии и содржини поставени од трети лица, се одговорни авторите или дистрибутерите, а не порталот rabaho.com. Ниту rabaho.com ниту било кој трет пружител на информации не дава гаранција за точност, потполност илли корисност на било која содржина како ни за можноста за продажба и прилагоденост за некоја друга одредена намена.
Rabaho.com во никој случај, не одговара за евентуална загуба или штета настаната поради довербата на корисникот во информациите добиени од системот на порталот. Корисникот е одговорен за сопствената проценка на точност, потполност или корисност на било кое мислење, совет, информација, став или друга содржина на интернет страницата rabaho.com.
Промена на условите на користење
Rabaho.com ги задржува сите права да ги укине или промени било кои од наведените услови за користење во случај кога смета дека истото е потребно. Предвидените промени може да вклучуваат воведување на одредени наплати или надокнади, затоа на корисниците им се советува одвреме навреме да ги прочитаат условите за користење и изјавата за доверливост на податоците како би имале увид во евентуалните промени.
Ако и по променатана условите на користење и изјавата за доверливост на податоците корисникот продолжи да ја користи оваа страница, се смета дека ги прочитал и прифатил моменталните услови на користење и изјавата за поверливост на податоците.
Сите измени или бришење на правилата и условите за користење стапуваат на сила веднаш по објавата на www.rabaho.com. Секоја понатамошна употреба на овие страници се смета за прифаќање на тие промени.
Изјава за сопственост
Интернет страницата rabaho.com е приватна сопственост. Секој вид на комуникација и интеракција што се одвива на овие страници мора да одговара со условите на користење. Корисникот е должен да ги користи интернет страниците www.rabaho.com во склад со општите морални и етички начела како и прописите во РМ.
Корисниците не смеат да пренесуваат преку порталот rabaho.com никаков материјал кој е незаконски, клевета, увредлив или општо загрозувачки, вулгарен или на било кој начин ги нарушува или загрозува правата и приватноста на други. Како ни материјал кој крши било какви прписи или поттикнува на противзаконски активност или содржи понуда или било какви понуди/услуги или огласување кое нема изричито писмено одобрување од порталот rabaho.com.
Секое однесување кое ограничува или оневозможува друг корисник да ги употребува овие интернет страници е строго забрането. Забрането е користењето на овие страници за огласување или изведување на било какви верски, политички, комерцијални или некомерцијални промоции. Строго е забрането повикување на кориснците на rabaho.com на зачленување во било какви online или offline понуди/услуги кои се конкуренција на овој портал.
За употреба на rabaho.com потребно е одобрување од носителот на авторски права како и одобрување од носителот на правата на жигот и дизајнот. Било каква објава, дистрибуција, копирање или менување на овие интернет страници е строго забрането без претходно писмено одобрување од www.rabaho.com! Секое кршење на оваа забрана ќе се третира како повреда на правото на интелектуална сопственост и како последица може да дојде до бројни судски постапки или казнен прогон против сторителот. На rabaho.com, освен материјалот заштитен со жиг, авторско право и дизајн, постојат и други информации кои се покриени со право на други физички и правни лица. Во вакви информации спаѓаат фотографии, звук, графика, текстови, софтвер и останата содржина во слад со законите во Република Македонија. Сите авторски права поврзани со бирање, поставување, унапредување или раководење со таквата содржина, го задржува rabaho.com.
Забрането е било какво објавување, пренос или учество во пренос или продажба, менување или било какво користење на содржината на www.rabaho.com. Забрането е, без претходно писмено одобрување на порталот, редистрибуција, копирање, издавање или комерцијално искористување и превземање на материјалот. Превземањето, запишувањето и спремањето на авторски заштитениот материјал е дозволено за лично користење.
На корисниците им е забрането објавување на било каков материјал кој е заштитен со жиг, авторски или други права од интелектуална сопственост без јасно одобрување од носителот на тие права. Rabaho.com нема обврска да помага во одредување дали определен материјал подлежи под авторски права или за штета настаната од повреда на авторски права и злоупотреба на жиг или друга интелектуална сопственост, одговара само корисникот.
Со секое поставување на материјал на интернет страницата www.rabaho.com корисникот дава гаранција дека како носител на тоа авторско право, му дава на порталот неограничено, бесплатно и правно основано право на употреба, промена, обновување, репродукција, превод, прилагодување и дистрибуција на истиот материјал. На другите корисници им е дозволен пристап, преглед, спремање или репродукција на истиот материјал само за лична употреба.
Rabaho.com го задржува правото но нема обврска за постојано надгледување на содржината на овие страници, со цел осигурување на спроведување на овие услови за користење и правила пропишани од страна на порталот. Chat собите и форумите, кои се наоѓаат исто така спаѓаат под правото на надледување. Rabaho.com го задржува правото да отстрани било каков материјал кој не ги почитува наведените правила или е сомнителен поради други причини, без органичување од претходно наведените ставки.
Корисникот разбира и прифаќа дека сите дискусии, оценки, коментари, приватни пораки и други начини на комуникација на порталот се јавни а не приватни и дека порталот www.rabaho.com го задржува правото на надзор на комуникацијата на корисникот без негово знаење или дозвола. Било каква комуникација која корисникот ќе ја објави на rabaho.com не се смета за доверлива. Корисникот се сложува дека со објавување на коментари, пораки и информациии му дава на rabaho.com право да ги користи истите. По нивното објавување, порталот rabaho.com има право да ги користи за промоција, огласување, истражување или било каква друга правно дозволена намена.
Корисникот се сложува и прифаќа дека порталот rabaho.com се ослободува од одговорност и сите барања за надокнада на трошоци и штета. Ова ги вклучува и сите негови подружници, одговорни лица, запослени и агенти. Ова вклучува и трошоци за правно застапување чие евнтуално настанување е можно со корисничата употреба на страниците на порталот rabaho.com
Решавање спорови
Правните спорови кои може да настанат како последица од користење на овие интернет страници се под надлежност на судот во Скопје и ќе бидат решени во склад со законите на Република Македонија. Со користењето на овие интернет страници корисникот е согласен и дава своја дозвола да било кој спор или барање што произлегува од овие услови или е поврзан со нив и нивното спороведување, потпаѓа под надлежност на судот во Република Македонија.
Прекин на соработка
Rabaho.com го задржува правото да ја прекине соработката ви било кој момент со било кој корисник. Исто така има право да ги укине сите кориснички налози и лозинки на корисникот, доколку однесувањето на одреден корисник се смета за неприфатливо. Rabaho.com го задржува потполното право веднаш ја прекине соработката со корисникот во случај на непочитување на овие наведени услови. По укинувањето на корисничкиот налог или лозинка, сите услови кои се однесуваат на одговорност и обврска на корисникот продолжуваат да важат.
Во случај надлежниот суд да пронајде ништовност во некоја од овие ставки, таа ништовност нема да има влијание на правилноста на другите одредби од овие услови и другите делови на условите остануваат на сила. Ако било која од наведените страни не ги користи своите права, ќе се смета како губење или откажување од истите. Исто нема да се смета за губење на другите наведени права.
Завршна одредба
Сите наведени општи услови на користење стапуваат на сила во истиот момент кога ќе се објават на официјалната страница www.rabaho.com. Условите важат за сите корисници кои засновале однос по моментот на објава на истите на страницата.
СТУДИО ВЕРДЕ Дооел ШТИП,
ул. Вера Цири Вири 6/6,
2000 Штип, Македонија
ЕМБС: 6833896
ДБ: 4029012512395
Квалитетни и уникатни производи по супер цени
Пријавете се на нашиот newsletter и дознајте сѐ за најновите понуди на Rabaho!
Ние ги користиме најдобрите безбедносни мерки за да ја процесираме вашата нарачка, и да обезбедиме вашите информации за нарачката да бидат заштитени.
Одговорни сме за безбедна испорака на производот на Вашата адреса во исправна состојба
Нарачаните производи ги испорачуваме во најкраток период од еден ден од примањето на уплатата.
Производот е направен од материјал со висок кквалитет, кој овозможува едностана и сигурна употреба на производот.
Гаранцијата и рокот на отплата важат 44 дена. Во овој период ние ќе ви вратиме парите ако не сте задоволни од производот.
Вкупно: